РЕЗИЛОТ ПРОДОЛЖУВА: Лажниот принц на Црна Гора го храбри Заев активно да продолжи со политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лажниот принц на Црна Гора и Македонија, Стефан Чернетич, кој во 2018 година во Владата на Република Македонија го одликува бившиот премиер Зоран Заев, сега го охрабрува да ги продолжи политичките активности.

– Денеска Зоран Заев поднесе оставка како премиер на С. Македонија. Империјалното и кралското семејство на Црна Гора и Македонија посакуваат да му се заблагодарат за пријателството и љубезноста на официјалниот пречек на принцот Стефан, принцезата Харула и принцот Константин официјално во Скопје во септември 2018 година. Во таа прилика, премиерот Заев беше одликуван со Најт Гранд крст и Цариградски орден на Свети Ѓорѓи од неговото Царско кралско височество. Му посакуваме се најдобро во неговите идни политички активности!- се вели во објавата на Фејсбук од лажниот принц.

Како што објавивме тогаш во 2018 година лажниот принц на официјална средба во Владата го одликува Заев од која ги објавуваме фотографиите, како и последниот пост од Чернетич.

Инаку, за Стефан Чернетич беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист. Има одликувано многу јавни личности, помеѓу кои и Памела Андерсон.

Чернетич и’ подарил титула и на поранешната македонска мисица, Дунавка Трифуновска. Тој ја прогласил Дунавка за дама од висок ранг на сребрениот медал на Св. Ѓоргија“, или на англиски, „Dame of the Silver Medal of Saint George“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This