March 29, 2024, 11:38 am

РЕЗИЛ: Катастрофална реализација на капиталните инвестиции од само 1,09 % за месец јануари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реализацијата на капиталните трошоци за месец јануари 2019 година изнесува катастрофални 1,09 %. Имено денеска излезе официјалниот извештај за извршувањето на буџетот на Република Македонија за 2019 година за месец јануари и податоците се катастрофални.

Инаку, Владата ветуваше инвестициски и градежен бум но официјалните податоци го покажуваат сосема спротивното. Инвестиции нема, градежништвото е во пад, додека нема никакви најави за позитивни придвижувања во и онака слабата македонска економија.

Министерот за финансии Драган Тевдовски ветуваше и зголемени инвестиции и зголемена активност во градежништвото но како што е видливо нема никакви изгледи за економски бум.

Инаку, лани Македонија имаше историски најслаба реализација на капитални инвестиции односно само 65,5 %.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This