РЕЗУЛТАТ НА ЕПДИЕМИЈАТА: Шест деца примени на Инфективна со запаление на бели дробови како компликација од зараза со морбили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шест ново заразени деца со мали сипаници (морбили) вчера се примени на Клиниката за инфективни болести, бидејќи болеста предизвикала пневмонија. Од Министерството за здравство велат дека во последното деноноќие на клиниката амбулантски се прегледани уште пет пациенти, но тие се пуштени на домашно лекување, пишува СДК.

„Примени се две бебиња на пет месечна возраст, едното од Батинци, а второто од Чаир, седуммесечно бебе од шуто Оризари, две едногодишни деца едното од Стајковци, а другото од Брест, и 2,5 годишно дете од Чаир. Сите се невакцинирани. На Клиниката се примени, бидејќи имаат запаление на белите дробови“, велат од Министерството за здравство.

Сега на Инфективна клиника хоспитализирани се 26 пациенти со мали сипаници, а од Министерство за здравство велат дека сите пациенти се во стабилна состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This