March 28, 2024, 10:36 am

РЕИЗБОР НА СУДИИ НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ: СДСМ сака повторно да го партизира судството, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев најави дека една од првите работи кои ќе ги направи доколку формира Влада се реизбор на комлетното судство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски потсети дека оние кои се повозрасни паметат што се случило во време на СДСМ со судството.

knigi-1-640x324

-СДСМ кога зборува за реформи во судството мисли на партизација на судството, тие никогаш не направиле некакви реални реформи кои што ќе го подобрат работењето на судството. Оние кои што се повозрасни добро паметат што се случило во време на СДСМ со судството. Тоа е постојано партизација и контрола на судството од страна на извршната власт, односно од страна на Владата и владеачката партија.

Груевски ги спомена и реформите на СДСМ во судството во 1996 година и во 2002, кога назначија 600 судии во еден ден и со акробации го сменија составот на судскиот совет.

-Тие реформа на судството го нарекуваа и во 1996 година кога 600 судии во еден ден ги назначија во парламентот со партиска наредба и партиски договор. Потоа во 2002 кога повторно се вратија на власт и тоа го нарекоа реформа во судството кога со одредени акробации го сменија составот на судскиот совет и повторно инволвираа партиски кадри во судството и партиска контрола во судството.

Тој кажа дека СДСМ сакаат реизбор во судството затоа сакаат да бидат ослободени од гонењето заради нивните незаконски дејства направени по минатиот период

-Сега повторно најавуваат некакви реформи во судството, повторно најавуваат некакви промени на судиите, односно реизбор на судиите и повторно планираат да направат една сериозна контрола врз судството и партизација на судството. Од причина што овој пат пред се важно им е да се ослободат од прогоните, од гонењето на судството, заради нивните незаконски дејства во минатиот период, односно на неколку нивни поединци.

Груевски подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да го спречи партизирањето на судството од страна на СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе стои цврсто да се спречи партизација на судството, да се спречи контрола на судството од страна на СДСМ, затоа што СДСМ има долга историја на правење обиди на контролирање на судството, на негово партизирање, на вклучување на партиски кадри и на негова целосна контрола. Улогата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да го спречи тоа и ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да го спречи партизирањето на судството. Граѓаните може да бидат спокојни, особено судиите, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите во Република Македонија

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This