РЕКИ НАРОД ВО ОХРИД: Охрид одамна не видел толку народ сплотен за една цел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Охрид вечерва масовно осми ден по ред со протестен марш дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.
ohrid-2-1-640x480

Граѓните јасно и гласно кажаа дека не сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.

– Тука од Охрид каде живеам, творам, пеам, повторно се собравме да повториме, по не знам кој пат, за заедничка унитарна Македонија, во соживот со сите етнички заедници што живеат тука. Апелираме до сите релевантни фактори да го слушаат гласот на народот, изјави во име на граѓаните естрадниот уметник Петар Нечески.

Делче Максимоски од своја страна ја искористи можноста да им се обрати на собраните сограѓани, со повик за зачувување на унитарниот карактер на државата.

– Македонците се најстар народ со најстар јазик и писмо во светски рамки. Тоа сакаме да им го предадеме на нашите поколенија како аманет, и со таа цел е и оваа наша борба за задржување на унитарноста на Македонија, рече Максимоски.

Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.

Според активистите на движењето „За Заедничка Македонија“, протестите нема да запрат и во случај да се формира нова влада меѓу СДСМ и албанските партии.

ohrid-1-3-640x480

ohrid-2-1-640x480 (1)

ohrid-3-1-640x480

ohrid-4-1-640x480

ohrid-5-1-640x480

ohrid-6-1-640x480

ohrid-7-1-640x480

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This