April 16, 2024, 11:34 am

РЕКЛАМИРАЊЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Руска компанија сака да постави џиновски билборди во вселената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руски стартап ги откри своите планови да употреби мали сателити кои ја рефлектираат светлината за да креира џиновски билборди во вселената. Првиот билборд на компанијата StartRocket, кој може да се види од видеото подолу, веројатно ќе биде готов во 2021 година.

Билбордите ќе се наоѓаат во нискиот дел од орбитата на Земјата, а не во атмосферата и ќе може да се видат само ноќе од речиси секое место на Земјата. Ќе бидат составени од повеќе мали сателити опремени со рефлектирачки материјал со дијаметар од околу 9 метри. Тие ќе орбитираат на висина од окоу 450 км и ќе ја рефлеткираат светлината за да формираат светлечки зборови или логоа видливи од Земјата под нив.

Компанијата тврди дека веќе има готов прототип на сателитите кои ќе се користат и планира идната година да почне со првите тестирања на билбордите во вселената. Извршниот директор на StartRocket, Влад Ситников, не открива детали за тоа која ракета ќе се користи за транспорт на сателитите во вселената и колку ќе им наплаќа на клиентите за да се рекламираат на џиновските билборди.

Сепак, тој открива од каде им е идејата за ваков начин на рекламирање. Тој бил инспириран од сателитот диско-топка, кој беше лансиран во јануари минатата година. Сателитот по име Humanity Star во вселената функционираше како орбитирачко уметничко дело и кружеше околу Земјата два месеци пред да согори во атмосферата и да падне назад на Земјата.

Меѓутоа, има и незадоволни луѓе со ова што го прави Ситников. Најпрвин, затоа што околу Земјата веќе кружи огромна количина метален отпад, од кои 1.400 се сателити кои функционираат. На тоа Ситников одговори дека сателитите ќе кружат околу Земјата максимум една година, а потоа далечински ќе бидат вратени во атмоосферата за да согорат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This