РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ИЗГЛАСАНА: Собранието ги избра новите министри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците доцна вечерва во Собранието ги избраа новите министри- Хисни Исмаили за култура, Насер Нуредини за животна средина, Горан Милевски за локална самоуправа, Трајан Димковски за земјоделство и Садула Дураки кој направи трансфер во новоформираното министерство за политички систем.

Пратениците во текот на целиот ден дискутираа и же cтоко се распpаваа за предложените предложените министри. Пратениците од владејачкото мнозинство го бранеа предлогот на Заев за владината реконструкција , додека опозицијата кpитиkуваше дека предложените функционери не се ссодветни.

Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека премиерот направил гpешка како мандатар кога најавил голема метла во владата и институциите, со што ги зголемил очекувањата на граѓаните.

На крајот на расправата за избор на новите министри Заев рече дека биле кажани многу невистини од говорницата, а промените биле најавени и се случуваат.

„Имаше членови на мојата партија кои се оденсуваат како локални шерифи односно немаат слух за граѓаните. Предложивме промени на 7 луѓе, а ќе следуваат промени и кај заменичките функции и директорите. Убеден сум дека во декември имаме шанси да станеме членка на НАТО. Убеден сум и дека ќе ги отвориме поглајвата 23 и 24 до крајот на годината“, рече Заев.

Премиерот додаде дека неговата амбиција да раководи со министерството за финансии не е да потпишува, туку да ги максимизира своите одговорности кои треба да донесат бенефит за сите граѓани.

Заев претходно го повлече предлогот тој да биде министер за финансии, но најави дека ќе раководи со институцијата до изборот на нов министер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This