РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДА: Зоран Заев преговара со БЕСА и со некои коалицони партнери на ВМРО-ДПМНЕ за влез во владината коалиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кревкото владино мнозинство, чиј рејтинг од ден на ден е во слободен пад согласно сите интерни истражувања на двете најголеми политички партии, Зоран Заев ќе се обиде да го стабилизира со нови политички договори и нови коалициони партнери

 

Зоран Заев во моментов преговара за нова реконструкција на влада во која би влегле нови министри и заменици-министри, од кои најголем дел ќе бидат функционери на двете крила на албаснката партија БЕСА.

Освен со БЕСА, Заев преговара и со неколку други албански политички партии, но и со коалициони партнери кои традицонално својата коалициона лојалност ја давале на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега не е со сигурност познато кои коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ би ја прифатиле, или веќе ја имаат прифатено понудата на Заев, но она што е сигурно е дека на пролет ќе има реконструкција на владата, во која ќе влезат нови функционери со цел зајакнување на кревката владина коалиција.

Сепак според некои експерти, вметнувањето на нови функционери во владата само ќе ја згусне гужвата „пред гол“ , и може да предизвика реакција од клучните владини коалициони партнери кои би можеле да се почувствуваат исфрустрирани поради се поголемото истиснување од клучните улоги во коалицијата.

 

 

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This