РЕКОРДНА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИТЕ ОД 7,7 МИЛИОНИ ЕВРА: Во првиот квартал од годината патарините наплатиле 7,7 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во првиот квартал од годинава Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наплатило патарини во износ од 7,7 милиони евра, за 6,2 проценти повеќе во однос на првото тримесечје од минатата година, која е рекордна во наплатата на патарините.

Лани биле реализирани 94 тендери за јавни набавки, а од почетокот на годинава 52.

Од јануари до март биле реализирани 22 проценти од вкупните плаќања за капитални инвестиции за годинава и се очекува уште поголема нивна реализација со оглед на тоа што допрва следува градежната сезона, изјави директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Во првиот квартал годинава се остварени инвестиции од 2,96 милијарди денари (48 милиони евра) или за 215,5 проценти повеќе во однос на минатата година, кога изнесувале 941.196.966 денари (15,7 милиони евра). Капиталните инвестиции на ЈПДП не се дел од тие што се реализираат со централниот буџет на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This