РЕКОРДНО ВИСОКИ ЦЕНИ НА „ЦРНОТО ЗЛАТО“: Саудиска Арбија предизвика шok на пазарот откако по втор пат ја зголеми цената на нафтата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цените на нафтата растат четврти ден по ред, што аналитичарите го препишуваат како шок   на Саудиска Арабија, која го намали производството повеќе отколку што беше предвидено во договорот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК).

Како втора причина за зголемувањето на цената на „црното злато“ се наведуваат американските санкции во Венецуела, кои фрлиле сенка врз податоците на американската нафтена индустрија дека залихите во САД се неочкувано зголемени минатата седмица.

Американската лесна нафта се зголемила за 22 центи или 0,4 отстон на 62,80 долари по барел, што е највисока цена од 7 ноември.

Испораката на нафта од членките на ОПЕК во март опаднале на четиригодишен минимум, покажува прегледот на Ројтерс објавен претходно минатата недела.

Производството на нафта во Русија, која се придружи на ОПЕК во договорот за намалување на испораката за да се изедначат цените намалена е минатиот месец на 11,3 милиони барели дневно, но земјата со тоа не го исполнила таргетот предвиден со договорот.

Американските залихи на нафта минатата недела неочекувано се зголемиле, додека залихите на бензин опаднале, соопштил Американскиот институт за нафта доцна во вторникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This