March 29, 2024, 11:54 am

РЕК Битола подготвен за грејната сезона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Треба да се работи на одржлива и предвидлива иднина на РЕК Битола, а мора да се имаат планови за најмалку десет години однапред, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев  во РЕК Битола.

– Состојбата можеби не е розова, онака како што сите ја знаете, но ена мораме да ја подобриме и мораме да знаеме како ќе ја подобриме. Мора да се подобри состојбата во рудникот “Брод Гнеотино”, мора да се подобри состојбата со ископите и оттаму да се добијат предвидените можеби не два милиони тони годишно, но 1-1,2 милиони тони јаглен годишно мора да излезе оттаму.  И мора без алтернатива да се мисли на отворањето во блиска перспектива на отворањето на рудникот „Живојно”, изјави КОЧО АНЃУШЕВ, ВИЦЕПРЕМИЕР.

АД ЕЛЕМ е должен да им обезбеди подобри услови за работа, истакна првиот човек на ЕЛЕМ.

– Правиме и ќе правиме се што е во нашите можности да ги унапредиме и осовремениме условите за работа со посебен аспект на безбедноста на луѓето и опремата. Во процес е набавка на заштитна опрема за сите вработени вклучувајќи ги и рударите за чии работни задачи таквата опрема е повеќе од неопходна, изјави ДРАГАН МИНОВСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АД ЕЛЕМ.

„Нашата заложба е инвестициите во комбинатите, да одат паралелно со еколошките сегменти, вложуваме во редовно отпепелување според сите протоколи, поставување електростатски филтри, пошумување во околината на комбинатите, и редица други мерки“, изјави Драган Миновски, генералниот директор на ЕЛЕМ.

РЕК Битола подготвено ќе ја дочека престојната грејна сезона.

– Според проекциите во новата грејна сезона ќе влеземе со најмалку 300 000 тони јаглен којшто ќе го имаме на нашата депонија, изјави ВАСКО КОВАЧЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА.

По повод Денот на рударите, беа доделени пофалници и парични награди на вработени за особен придонес во работата во РЕК Битола за последната година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This