РЕМЕНСКИ: Го поттикнуваме приватниот сектор да се препознае во проектите на Меѓународниот сојуз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фросина Ременски, една од осомничените во истрагата за случајот Рекет за перење на пари стекнати од рекетирање на бизнисмени, од основачкото собрание на Сојузот на Боки 13 кој се одржа на 8 јули 2017 година ги повикуваше бизнисмените и како што вели таа приватниот сектор да се препознаат во проектите на Сојузот.

– Оттука сите овие проекти кои што денеска ќе влезат во акцискиот план за работа на меѓународниот сојуз, неминовна е взаемната соработка на Сојузот и со локалната самоуправа, со општини, и со држаните институции, и со јавните претпријатија, но повторно ќе кажам дека она што ќе биде добра основа за работа на Меѓународниот сојуз, а веќе го истакна претседателот ( н.з. Боки 13 ), а е потпишувањето, идното потпишување на меморандумот за соработка со владата на Република Македонија од името на сите министерства, при владата на Република Македонија, дополнително е што ја поттикнуваме бизнис заедницата, односно приватниот сектор да се препознае во проектите, рече Ременски во своето обраќање.

По основањето на Меѓународниот сојуз, истиот успеал да собере пари од неколку фирми и нивните газди кои уплаќале за идеи, како случајот со идејата за старечки домови во Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This