РЕМЕНСКИ СО ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: За блех музиката и чочеците во тунелот, според Ременски бил виновен Миле Јанакиевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката Фросина Ременски на фејсбук ја коментира еуфоријата која се уште трае по објвувањето на веста дека автопатот Демир Капија-Смоквица беше пуштен со плех музика, а вчера во ист дух, со музика за чочек пратениците од ВМРО-ДПМНЕ влегоа на собраниската седница.

„-Еуфоријата по “чочекот во тунелот” не престанува. Дури и пратениците од опозицијаат не можат да се изнаслушаат, а да не заиграат на “казуј крчмо …”
Прочитав дека, снимката била прегледана над 140.000 пати …
Кога би се потсетиле само на разговорот во кој се договара провизија од 25% од Кинезите, токму за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица, оваа плех музика би ја слушале сите со текстот “Да не е многу бе Миле …”
Верувам дека, “на Миле му текнало” да испрати музиканти, за да се зборува за музиката, а не за неговата композиција“ – напиша Ременски на фејсбук, потсетувајќи на бомбата за наводно договорената провизија, иако таа бомба се однесува за сосем друг пат.

Инаку, еден од ороводците на настанот беше директорот на ЈП државни патишта, Зоран Китанов кој доаѓа од СДСМ а во тунелот лепеше пари на музиката.

Ваквата изјава на Ременски, отвора сомнеж дека директорот поставен од СДСМ е под влијание на Миле Јанакиевски, на кого според Ременски му текнало да испрати блех музика во тунелот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This