April 26, 2024, 12:05 pm

РЕНАТА ДЕСКОСКА: Секој има загарантирано право да пријави корупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, изрично е гарантирано правото на секој да пријави корупција, вели министерката за правда Рената Дескоска, повикувајќи се на членот 7 од законот.

„Секој има право да пријави сомневање или сознание за корупција и да биде заштитен согласно закон“, гласи Член 7, став 1 од законот.

Понатаму во законот, во Член 23, став 1 стои: „Државната комисија постапува по сопствена иницијатива или врз основа на добиени пријави“.

За делот од законот за финансирање на партиите, министерката Дескока вели секој може да даде иницијатива до Државната комисија за спречување на корупција и ако таа е основана ДКСК по службена должност покренува постапка. Невладините организации, партиите се наведени како покренувачи на постапка чии иницијативи се испраќаат до партиите на одговор.

„Во случај на постоење на сомневање за незаконито финансирање на политичка партија, Државната комисија по сопствена иницијатива или по иницијатива од државни органи, политички партии или здруженија и фондации кои работат во областа на спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување може да донесе решение за отпочнување постапка за испитување на финансирањето на политичка партија“, гласи Член 31, став 1.

И во изборна кампања, секој има право да пријави корупција, вели Дескоска, а учесниците во изборите и набљудувачите имаат и право на приговор и ако не се задоволни од одлуката на ДКСК имаат право на тужба до Управен суд.

Законот за спречување на корупција и судир на интереси беше усвоен вчера во Собранието со 81 глас „за“ и ниту еден „против“. Власта прифати 20 од вкупно 40 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This