РЕНО 4 СЕ ВРАЌА НА ПАТИШТАТА: Легендарниот модел на Рено доживува римејк по повод 50 годишнината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред токму 50 години беше создаден легендарниот и култен модел на Рено, поради љубилејот, францускиот бренд направи конкурс за избор на нов модел, но очигледно врз основа на оригиналот, без сериозни индиции Рено 4 да го загуби оригиналниот и препознатлив лик.

Автомобилот што победи на овој конкурс се вика Рено 4-Ever, тој засега е само прототип и сеуште не е познато дали ќе влезе во сериско произвоство и ќе стане дел од понудата на компанијата.

Овој прототип на Рено 4 го задржува класичниот и конзервативниот дух на стариот автомобил, повратувајќи ги класичните линии на телото за да даде ретро и авангарда во исто време, задржувајќи ја уникатната линија на багажникот, кружните фарови и типичниот заден дел кој се издигнува во однос на предниот дел на автомобилот.

Во внатрешноста на новиот Рено 4  го задржува духот на својот претходник, иако командната табла е доста унапредена, на предниот панел има LCD екран кој се отвара кога ќе го вклучите возилото, исто така има GPS навигација, кластер на инструменти со одлична функционалност и има класични копчиња за контрола на времето и радио.

Сè уште не е познато какви ќе бидат нејзините механички детали и материјалот што ќе се користи и внатре и надвор, всушност, не е познато дали тоа ќе се случи.

Но, за што сме сигурни дека секој кој стои зад управувачот на Renault 4, ќе има одлично доживување со овој римејк на автомобилскиот евергрин.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This