РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА КОМИСИИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата отвори конкурс за избор на нови членови и претседатели на републичките комисии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наша обврска како партија е да се спротивставиме на политичкото уназадување, правниот хаос, девастираната и упропастена економија, нефункционалниот здравствен систем, неквалитетното образование, земјоделието со премногу проблеми. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат и да дадат свој придонес на тој план, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференција одржана денеска.

Јанушев најави дека на последната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за распишување јавен повик за кандидирање за членови на републичките комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Повикот ќе трае до 15 декември 2018 година. Кандидатите за членови на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ треба да достават мотивационо писмо, биографија (CV). Јавниот повик ќе биде објавен и во дневниот печат и на официјалниот сајт на партијата. Се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават.

Освен тоа, Јанушев изјави дека ЦК на партијата донел одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне на први декември и ќе трае 3 месеци.

-Ги повикувам сите членови кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги ажурираат своите податоци во општинските комитети и да потврдат членството.

Јанушев најави дека партијата има нови членски книшки со модерен изглед.

-ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила која ќе ја порази оваа неспособна власт. Затоа ги отвораме вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да дадат свој придонес за рушењето на оваа власт и нормализирање и градење на оваа држава. Македонија мора да ја изградиме во нормална, напредна земја на сите граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This