Републиканецот Балдерсон нов член на групата пријатели на Македонија во Конгресот на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еден конгресмен во групата пријатели за Македонија.Трој Балдерсон од Охајо, член на Републиканската партија и се придружи на двопартиската група пријатели на Македонија во Конгресот на САД, соопшти Обединета македонска дијаспора.


Балдерсон кој при изборот доби поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп вели дека како претставник во Конгресот е воодушевен од приклучувањето на Македонско-американската конгресна група и од поддршката за односите на САД со оваа живописна заедница.

„Од првиот македонски амбасадор во САД, Љубица Ачевска, која порасна во Менсфилд, до изобилството мали бизниси во Централно Охајо во сопственост на Македонци, Македонија има богата историја,, изјави новиот член на групата пријатели на Македонија.Со неговиот избор, групата пријатели на Македонија брои 28 конгресмени членови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This