РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН: Додека Заев и Шеќеринска го гоштеваат бугарскиот националист Красимир Каракачанов во „Воденица“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија буквално гори, веќе 13 дена. Изгореа илјадници хектари шума, со неколку стотици илјади дрвја.

Гори кај Македонски Брод- во село Требовље изгореа неколку куќи. Гори кај село Орман, веднаш до Скопје, а пожарите се приближуваат кон Волково.

Изгореа бандери и далеководи, селата немаат струја. Огнот се заканува на куќите во Кучково и Никиштани.

Додека жителите се во паника, а некои од нив и се евакуираат, премиерот Зоран Заев и Радмила Шекеринска вечераат во Воденица со  негаторот на македонскиот народ и бугарски националист Красимир Каракачанов

Жителите на овие места се оставени од македонската влада со 26 министри, на чело со министерството за пропаганда на Роберт Поповски. Додека Заев и Шекеринска вечераат во луксузни ресторани, граѓаните се оставени на цедило. Народот сам се спасува и сам ја носи маката на целата неспособна гарнитура.

Сега кога горат стотици илјади дрвја и цели планини, ги нема паркобраните, ниту дежурните еколози и платените НВО милионери.  Целосен молк владее од сите оние кои до вчера жестоко се бунтуваа против претходната власт. Каде се паркобраните на СОРОС кои жестоко се противеа за изградба на легална црква во општина Центар и сечењето на пет стари дрва, сега да реагираат кога гори во Македонија?

Истите оние соросови активисти, кои себеси се нарекуваа „Паркобрани“ и кои наводно се залагаа за зачувување на дрвјата и зеленилото, сега ги нема никаде да излезат со било каква реакција.

Пожар Требовље

https://www.youtube.com/watch?v=m5Nm2grgiKI

https://www.youtube.com/watch?v=XxI5UsuZ_58

Пожар во Орман

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This