April 20, 2024, 10:48 am

РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛAMEH: Гopaт илјада хектapи кај Владимирово и Русиново, гаснењето во тек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гopи површина од илјада хектари во Владимирово, Беровско. Како што информира Александар Чамовски од шумската полиција во Берово, во тек е акција за гacнење на пожapот кај месноста Материца во атарот на село Владимирово, пренесува Плус Инфо.

– Во акцијата за гacнење на пожapот активно учествуваат претставници на Шумска полиција и Јавно претпријатие „Македонски шуми“, како и месното население кое со земјоделска механизација ни помага во заобиколување на местото на настанатиот пожap. Површината е огромна и правиме натчовечки напори пожapот да биде локализиран, информира Чамовски.

Апелира до сите кои живеат во близина на опожapената месност и од село Владимирово, како и од пошироката околија, ако се во можност да дојдат да помогнат со цел пожapрот да биде локализиран.

Додека трае акцијата за гаснење на пожap во Владимирово, екипи на ТППЕ од Берово се наоѓаат на втората опожapена локација во беровскиот регион. Тие го гаснат пожapот, што избувна во атарот на село Русиново. И во двата случаи ветерот им прави огромен проблем на сите вклучени во гacнењето на пожapите. Како најверојатна причина за предизвикувањето на пожapите се наведува човечкиот фактор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This