РЕПУБЛИКА ИЛИРИДА Е ПОТВРДА ЗА ПУЧОТ: Зоран Заев заедно со Невзат Халили, Идриз Синани и командант Пантери во ист ден го започнаа „пучот“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 17 септември 2014 година, весникот на албански јазик „Лајм“, извести дека на 18-ти септември (четврток), од 12 до 14 часот, свечено ќе се прогласи Република Илирида. Чинот за прогласување го направи претседателот на Илирида Невзат Халими, премиерот Баки Сулејмани како и претседателот на на ФНДЛЊ, Идриз Синани – Куманово

albanija-panteri-pozira-oruzje-02

Само два дена по „прогласувањето“ на Република Илирида од плоштадот „Скендер-бег“ Зоран Заев во премиерскиот кабинет во Владата, во стилот на командант Пантери бараше од легално избраните власти да му се предаде власта.

Како што тогаш соопшти Халили, тие поднеле барање за средба со премиерот Груевски, но бидејќи тие не добиле одговор, средбата во нивно име ја оствари Зоран Заев кој како и Халили ги имал истите барања.

Ќе бараме парламентот ургентно да распише референдум, за унија Илирида – Македонија, односно Македонија – Илирида, рокот, дополнително ќе го соопштиме, рече Халили пред две години и додаде дека војната во 2001-ва и Рамковниот договор ништо добро не донела за Албанците во Македонија.

Две години подоцна, Заев ги повтори истите зборови на Халили.

„Една нација, еден јазик, едно знаме“. Со вакви пароли на социјалните мрежи се повикуваа Албанците да им се приклучат на групите кои пропагираат големоалбански идеи. На фејсбук страницата „Република Илирида“, Македонија се нарекува „земја на албанскиот јазик, каде што младите и старите се малтретирани“. Посетителите тврдат дека во земјава сѐ е политика и дека никој не се грижи за „автохтоните“, како што се нарекуваат поддржувачите на проектот за „Голема Албанија“. Освен од Македонија, на ваквите страници членуваат и лица од Косово и од Албанија.

ilirida

На групата се поставени и многу фотографии со недолични содржини во кои се навредуваат Македонците, како и карти на, како што велат, идната држава „Голема Албанија“ која опфаќа територии на Македонија, Црна Гора, Србија и на Грција.

На истата оваа страница беше промовирана и т.н. „Гарда на Илирида“ за чиј командант се самопрогласи извесниот Хамди Ндрецај, т.н. командант Пантери. На неговата фејсбук-страница тој гордо позира со оружје во друштво со неговите „колеги“ од УЧК. Пантери потекнува од Германија, а во моментот живее во Урошевац.

albanija-panteri-pozira-oruzje-03

Во својата последна „авантура“ Зоран Заев пред албанската дијаспора, заедно со пропагаторите на идејата за федералзиација, или како што велат Невзат Халили и Синани Идриз „кантонизација“ во Швајцарија ги испорача истите барања кои пред две години беа испорачани од плоштадот „Скендер-бег“. Коинциденција? Не, би рекле така.

Имено, истите овие заедно со т.н. командант Пантери беа во првите редови на протестите организирани од СДСМ пред Владата на Р.Македонија, заедно со „гостите“ од 113-та бригада на УЧК кои специјално за протестите дојдоа во Скопје.

Токму Ндрецај беше човекот кој јавно изрази жалење за успешната акција на полицијата во Куманово, и ја искористи приликата да му се заблагодари на Зоран Заев за можноста која била отворена благодарение на „протестите“ и „бомбите“.


Последните ветувања на Заев од Швајцарија не се ништо повеќе отколку потврда за планираниот пуч и „кантонизирање“ на Македонија по планот и примерот на Невзат Халили, Синани Идриз, Мирсад Ндрецај и Муса Љамари – еден од најжестоките поддржувачи на Заев.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This