April 26, 2024, 10:32 pm

РЕСТАРТИРАЊЕ НА ЗАГУБАРИТЕ: Ќе се рестартираат сите пропаднати стопански капацитети- жртви на транзицијата во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Куманово е најеклатантниот пример за голем број фирми кои пропаднаа за време на болната, лошата и тешка тразниција која што беше спроведена од страна нашиот политички ривал, од страна на СДСМ. Во тој период Владата предводена од СДСМ затвори и уништи многу компании, компании кои што долго време работеа и кои што беа движечка економска сила на повеќето градови во Македонија

zagubari

Ова го истакна носителот во втората изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров, кој денеска презентираше дел од проектите опфатени во програмата „Реално“, за која рече дека е најобемна и најкавлитетна програма презентирана на македонската политичка сцена и која нуди проекти и решенија.

Додаде дека огромен број луѓе останаа без работа, губејќи ги најдобрите години, станувајќи стечајци, луѓе кои беа оставени сами да се снаоѓаат во тешко време без никаква поддршка од државата.

Проектот кој е превиден во програма е капитален и ги опфаќа кумановските фирми „Кожара“, „Тутунски“, „Жито-мел“, „Кланица“ и „Ладилник“, „Сточарска фарма“, „Кен“, „ Жито Нама“ Куманово и Свети Николе, „Дс Искра“ и ДС Фудс“.

Со овој проект, како што објасни Тодоров, на инвеститорите им се нуди државна помош со цел креирање на работни места со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени-стечајците.

Владата ќе понуди 2000 евра за ново работно место, а 4000 евра за стечајците и услов за задржуаваење на работа 5 години, грант од 10 проценти од вкупна инвестирана вредност, но не повеќе од 500.000 евра, ослободувања од плаќања на данок на добивка, на персоналец, обуки, преквалификации и други мерки. Пакетот ќе важи ако инвеститорите досатават проект одобрен од Комисија за заштита на конкуренцијата и Владата.

– Ова се капитални проекти, од историско значење за Куманово и околината. Со овие проекти ќе ги надоместиме сите неправди кои им беа нанесени на жителите на Куманово и ќе овозможиме Куманово да се движи напред по патот на напредокот, рече Тодоров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This