Ресторан нуди бесплатни оброци за деца ако родителите ги остават мобилните на влезот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот ресторан „Френки и Бенис“ претстави зона без мобилни телефони, откако била спроведена анкета за тоа колку користењето на телефони има влијание врз семејните вечери.

„Френки и Бенис“ отсега натаму во понудата ќе вклучи бесплатни оброци за деца чии родители ќе ги оставаат телефоните на влезот во ресторанот.

„No phone zone“ е нова програма чија цел е да се намали употребата на мобилните телефони од страна на гостите во ресторанот.

Речиси 20 проценти од анкетираните деца рекле дека нивните родители трошат повеќе време користејќи ги телефоните, наместо да разговараат со нив.

Меѓу испитаниците биле и родители, па така дури 23 отсто од нив признале дека често го проверуваат телефонот за време на семејните ручеци, некои дури и кога децата сакале да разговараат со нив.

Покрај тоа, некои деца рекле дека понекогаш им ги кријат мобилните на родителите, за да можат да поминат повеќе време со нив.

Вработените во ресторанот на родителите ќе им донесат посебна кутија за оставање на телефоните за време на оброкот, а менаџментот на ресторанот тврди дека оваа програма ќе потрае подолго време.
Извор:aktuelno24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This