April 18, 2024, 10:34 pm

Ретко видена снимка од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 1963. година  се случи најголемата катастрофа во Скопје кога тлото го стресе земјотрес од 6,1 степени според Рихтер и 9 степени според Меркалиева скала.

Скопје со повеќе активности и манифестации  одбележа 55 години од катастрофалниот земјотрес во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Ова е ретка снимка од земјотресот.

Сеизмолошката станица на Универзитетот во Скопје е единствената сеизмолошка станица која работела во времето на скопскиот катастрофален земјотрес од 26 јули 1963 година – Што се случувало таму?

Во моментот на земјотресот, со станицата раководел Драган Хаџиевски, сега редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје во пензија. Други вработени во станицата во тоа време биле дипл. инж. геолог Панде Георгиевски и помошникот лаборант и чувар на станицата Ристо Глигоров, кој со своето семејство живеел во станбениот дел на станицата, нешто што било вообичаено за тогашните сеизмолошки институции. Меѓутоа, Панде и Ристо на 26 јули 1963 година биле на годишен одмор, па така за време на кобното утро во Скопје од стручните лица на станицата бил само Драган Хаџиевски, а во зградата на станицата – само родителите на Ристо Глигоров, Тимо и Софија.

Тимо и Софија на 26 јули 1963 година, во 05 часот и 17 минути, биле разбудени од многу силен подземен удар, проследен со силна бучава. Веднаш потоа почувствувале и слушнале силни удари во надворешните ѕидови на станицата од одронатите варовички стени на падината на Водно над станицата. Истрчале во дворот на станицата, каде биле сведоци на страшна глетка: наместо градот Скопје, во подножјето на падината на Водно се кревале големи облаци од прашина. Кога по некое време прашината се расчистила, здогледале урнати згради и куќи. Во целокупниот хаос, не ни забележале дека во моментот пристигнал раководителот на станицата, Драган Хаџиевски. Тој, пак, во тоа време живеел во зграда во населбата Карпош. Пробуден од силниот земјотрес, се стрчал на улица, влегол во своето возило, и со многу големи тешкотии, низ паниката и урнатините во градот Скопје, успеал да стигне до станицата. Станицата тогаш била опремена со два механички сеизмографа MAINKA, монтирани уште во првата половина на 1957 година, на начин да ги бележат движењата на тлото долж правците север–југ и исток–запад, и со механичкиот сеизмограф CONRAD, монтиран во февруари 1963 година, на начин да ги бележи движењата на тлото долж правецот север–југ. Овие сеизмографи имаат игла монтирана на масата на физичкото нишало, која го бележи движењето на нишалото односно тлото врз начадена хартија поставена на цилиндер што ротира. Драган констатирал дека сите три сеизмографи биле исфрлени од работа поради ударот на силниот земјотрес. Со голема возбуденост, но и умешност, тој успеал, точно 38 минути по настапот на земјотресот, да ги врати во работа сеизмографот CONRAD и едниот од сеизмографите MAINKA. Со ова е овозможена континуирана регистрација на сите други земјотреси настанати по силниот, што пак обезбедило натамошно издавање на Сеизмолошкиот билтен и на засебни извештаи, како и навремено информирање на населението заради пре­зе­мање соодветни заштитни мерки.

Континуитетот на микросе­из­мичките набљудувања по силниот земјотрес што го обезбедил Драган Хаџиевски претставува, всушност, основен материјал за понатамошните обемни истражувања на скопското епицентрално подрачје од сеизмолошки и од сеизмотектонски аспект. Така, за сите сеизмолози во Република Македонија и пошироко, несебичното стручно залагање и акција на Драган Хаџиевски утрото на 26 јули 1963 година претставува особен пример.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This