Ретроградниот Меркур почнува денеска: Овие работи никако не смеете да ги правите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дури и ако не сте по астрологијата, сигурно сте слушнале за ретроградниот Меркур. Сигурно многупати сте слушнале дека луѓето се жалат на него, него го обвинуваат за многу работи и со нетрпение чекаат да помине. Кој е крив?Зошто?Кога поминува?

Во зависност од вашата натална карта, ретроградниот Меркур ќе ве погоди повеќе или помалку. Дури и ако не ве погаѓа вас лично, ќе влијае на многу луѓе во вашата околина. Затоа држете ги очите широко отворени и пред нешто да кажете или потпишете, вдишете длабоко и избројте до десет. И така до 6 декември.


Што треба да правите:

1.Осигурете се. Може да се случи електрониката да ви полуди. Затоа направете бек ап на копмјутерот, календарот, адресарот. Имајте ги овие податоци на повеќе места.

2.Дисциплинирајте се

Држете го јазикот за заби на големите состаноци. Ова е одличен период да се научите на самоконтрола.

3.Соберете го друштвото

Поврзете се со некој кој не сте го виделе или чуле подолго време. Собирањето на старото друштво е повеќе од добредојдено.

4.Завршете ги сите заостанати обврски

Платете ги заостанатите сметки, дајте испит на кој многупати сте паднале, завршете го проектот кој долго ви се влече по фиоки.

5.Расчистете околу себе

Расчистете го нередот дома, фрлете ги непотребните работи и направете место за нови.


Што никако не треба да правите:

1.Одложете го почетокот на новите работи

Ако прифатите нов ангажман на подолг период, може да се случи да зажалите. Ако веќе почнувате нов проект, подобро е да го ограничите на 1 до 3 месеци, па после тоа да решите дали ќе останете.

2.Ништо не купувајте и продавајте

Немјоте да давате оглас за недвижнина, ниту да купувате некоја. Не купувајте ново превозно средство, бидејќи голема е веројатноста дека ќе ви се расипува.

3.Ништо не потпишувајте

Избегнувајте да потпишувате договори. Може да се случи нешто погрешно да протолкувате или да не прочитате некоја ставка добро.


4.Не поправајте превозно средство

Немојте да идете кај механичар, ако баш не морате. Ако нешто сепак поправате, автомобил или мотор, проверете дали е добро направено.

5. Одложете патување

Кога се во прашање големи патувања, најдобро би било да ги одложите. Ако веќе патувате два пати проверете ги резервациите и закажаните термини. Обратете внимание каде ги држите картите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This