РЕФЕРЕНДУМОТ МОЖЕ И ДА НЕ СЕ ОДРЖИ: Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се уште се неизвесни изборот на новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) и референдумот што таа треба да го спроведе, пишува „Независен“.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ за „Независен“ изјавил дека додека не добие сигнал од партиите дека е постигнат договор за комплетирање на ДИК нема да закаже седница за селектирање на седуммина од пријавените 41 кандидат на конкурсот што го распиша Собранието со консензус.

– Можам кога било да закажам седница на Комисијата, ама тоа не води никаде доколку нема зелено светло од партиите. Така само ќе пропадне процесот и ќе се вратиме назад – изјавил Димовски.

ВМРО ДПМНЕ соопшти дека пред да се избере новиот состав на ДИК треба да бидат донесени законите за финансирање на политичките партии и за влада, односно да се уреди дали техничката влада која беше договорена во Пржино ќе биде модел за секои наредни парламентарни избори.

Со пролонгирањето на изборот на ДИК се одолговлекува распишувањето на референдумот за името, што, според последните најави на премиерот Зоран Заев, се планира да се одржи во последната недела од септември или првата од октомври. Од распишувањето до одржувањето на референдумот треба да помина најмалку 60, а најмногу 90 дена, што значи дека новиот состав на Комисијата од старт ќе биде фрлен во „оган“ да го подготви теренот за плебисцитарното изјаснување на гласачите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This