РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОПАДНА И СПОРЕД ГЕРМАНСКИТЕ МЕДИУМИ: Резултатот е болен пораз за владата на социјалдемократот Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германските весници интензивно ја следат ситуацијата во Македонија околу референдумот. По гласањето, покрај информациите за исходот, има и репортажи и анализи за тоа што ја чека Македонија, објавува порталот „Дојче Веле“.

Недоволно храброст, поради што на земјата сега ѝ се заканува изолација, оценува денеска весникот „Зиддојче цајтунг“ во коментарот под наслов „Неуспех поради себеси“. Коментаторот Петер Минх пишува:

„Македонците требаше да кажат ‘да’ или ‘не’, но повеќето едноставно – молчеа. Референдумот за промена на официјалното име на државата во Северна Македонија, кој беше проследен со голема тензија, не успеа поради тоа што на гласање излегоа многу помалку од половината граѓани со право на глас. Ветениот полет на балканската држава во насока на Западот со тоа засега завршува во длабок јаз. Резултатот е болен пораз за владата на социјалдемократот Зоран Заев. Но, таа барем имаше храброст да постигне договор со Грција за ноторниот проблем за името, кој би го трасирал патот на малата балканска држава кон членство во НАТО и ЕУ. Сепак, ова е во најдобар случај само пирова победа за национално-конзервативната опозиција, која договорот го оцени како ‘капитулација’ и работеше на пропаѓање на референдумот. Досега грчката ароганција го спречуваше развојот на Македонија, а сега земјата не успеа поради себеси – поради внатрешната поделеност, кусогледите опозициски политичари и недоволно храброст. По овој несреќен референдум, на земјата ѝ се закануваат долги години изолација.“

„Неуспешниот референдум ја турка Македонија во криза и го става Ципрас под притисок“, гласи насловот на текстот посветен на Македонија во весникот „Ханделсблат“. Во анализата, која ги објаснува ставовите на власта во Македонија, на опозицијата, како и на Грција околу договорот за името, а цитира и функционери од европските земји, на крајот се вели:

„Македонскиот премиер Зоран Заев сега може да се обиде сепак да го спаси договорот… на пример, со нови избори. Доколку сега во Скопје дојде до внатрешнополитички турбуленции, тоа може да го втурне целиот регион во нов немир. А, тоа би било последното што на Грција, која е на пат за излез од кризата, сега ѝ е неопходно.“

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во своето викенд-издание прави споредба на ситуацијата во Македонија и ситуацијата во Кипар со референдумот и констатира:

„Ситуацијата потсетува на референдумот во Кипар во 2004 година. Во погрешно очекување дека може да се издејствува подобар договор, грчките Кипарци тогаш гласаа против надминување на поделбата на островот, која постои од 1974 година. Референдумот не успеа, а во меѓународната заедница во меѓувреме речиси никој веќе не е на мислење дека кипарската поделба е надминлива. Она што беше Кипар во 2004 година, Македонија може да биде во 2018-та. Зашто, левичарскиот сојуз Сириза, кој е на власт во Грција, најверојатно ќе загуби на изборите во 2019-та. А ако во Атина веќе не е на власт Алексис Ципрас, кој докажа државничка далекугледост по прашањето на Македонија, туку дојде конзервативно-националистичката Нова Демократија, изгледите за решение на ‘спорот за името’ се мрачни“, оценува ФАЦ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This