РЕФЕРЕНДУМОТ СЕ ПОНЕИЗВЕСЕН: Одложен изборот на ДИК, датумот за референдум се понеизвесен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери апелира до политичките партии, во најкус можен рок да седнат и да се договорат за избор на ДИК. Џафери во телефонски разговор за Телма изјави дека е неприфатливо да се прифати барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се одложи конституирањето на ова тело, затоа што ќе се доведе во прашање одржувањето на референдумот.

„Секое одолговлекување е опструирање. Ги прифативме сите нивни барања дури и претседателот на ДИК да биде од ВМРО-ДПМНЕ. Ако сега го условуваат гласањето за ДИК со најавениот Закон за амнестија тогаш тое не е ништо друго освен уцена“, вели Џафери.

Тој очекува наредната недела да се искристализираат работите, а претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски да ја закаже седницата и да се утврди предлог листата со кандидати. По ова листата ќе се достави до претседателот на Парламентот кој ќе ги информира политичките партии дека во рок од три дена треба да го известат за нивните предлози.

Едно е сигурно дека без гласовите на најголемата опозициска партија, изборот на ДИК не може да се изврши затоа што е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието. А без ДИК не може да се органзира и спроведе референдумот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This