РЕФЕРЕНДУМ ВО КАТАЛОНИЈА: Судир на полицијата и граѓаните на отворањето на референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Референдумот за независност во Каталонија утрово започна хаотично кога полицијата проба да ги затвори гласачките кутии. Ваквиот развој на настаните доаѓа откако шпанската влада рече дека нема да го дозволи.

 

Полицијата ги спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање и одземаат материјали подготвени за гласање.

Во Џирона, полицијата насилно влезе во гласачко место каде требаше да гласа лидерот на Каталонија.

Во заштитата на правото на глас, учествува и цивилното население кое со трактори и автомобили ги штитат гласачките места од полицијата.

Организаторите на референдумот бараат мирен отпор на секоја полициска акција.

Ливчето на кое треба да се гласа, содржи само едно прашање: Дали сакате Каталонија да стане независна држава во форма на република? Се одговара со Да и Не.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This