Референдум за учебниците нема, Собранието ја отфpли иницијативата родителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собраниските комисии за политички систем и законодавно-правната комисија ја отфрлија иницијативата за организирање референдум за воведувањето на дигиталните учебници. Според образложението, барањето за референдум е отфрлено бидејќи неопходните потписи биле собрани спротивно на Законот за референдум, затоа што не биле собирани пред овластена институција и обрасците не биле заверени.

Потписите не се собрани пред овластена институција – подрачните единици на Министерството за правда, каде што во работно време треба да се потпишат и треба печат од институцијата. Тоа е процедурата – на таков начин треба да се соберат 100 потписи. Кога ќе биде уредна иницијативата, треба да ја поднесат во Собрание и во рок од два дена Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија треба да донесат одлука за уредноста. Доколку е уредно поднесена, постапката продолжува понатаму – двете комисии упатуваат извештај до претседателот на Собранието“, изјави пратеничката Соња Мираковска, претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Таа посочи дека од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ доставени биле околку 500 потписи, пет пати повеќе од неопходните 100, но процедурата не била запазена.

Според Драгана Спасевска, претставничката на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, ова нема да ги спречи да ја истераат постапката до крај. Таа најави дека според административно-техничкиот протокол, јавно ќе ги објават датумите и местата за новото собирање потписи. Исто така додаде дека за целиот проблем ќе реагираат кај меѓународните институции.

Ќе се обратиме и до делегацијата на Европската унија и Обединетите нации односно УНИЦЕФ со следен заклучок, граѓаните не прифаќаат европско знаменце на ваков контроверзен и непромислен закон ниту ги прифаќаат финансиските средства од Светска банка за реализација и имплементација на истиот, додава Драгана Спасевска.

Од иницјативата уште најавија дека ќе организираат нови протести, а следниот можен датум за тоа е 24 Мај, Денот на словенските просветители Кирил и Методиј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This