April 23, 2024, 12:24 pm

РЕФОРМА ИЛИ ПРИСИЛА: Наскоро за авион ќе мора да се купува повратен билет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По информацијата која се појави во некои електронски и печатени медиуми, дека за одредени дестинации во светот, (за Македонците особено интересните) Америка и Англија, како и Индонезија, Бразил, Тунис, патниците ќе мораат да купат повратен билет, Галама контактираше една Скопска агенција , која се занимава со продажба на авио билети.


Ја контактиравме туристичката агенција “Time to Travel” и поразговаравме со сопственичката на агенцијата Ева Софрониевски:

Почитувана, дали е вистина дека во иднина патниците нема да можат да купат авио билет само во еден працец, за одредени дестинации?

-Не, оваа шпекулација не е точна, од причина што ние како туристички агенции кои продаваме авио билети, ниту пак самите авио компании не смеат и не можат да се мешаат во изборот на купувачот и да му наметнуваат услови за купување авио билет.

Но, има еден друг момент, кој е актуелен и сега и во минатото. Тоа е фактот дека вие, како Македонски државјанин, кој сака да отпатува во некоја европска или прекуокеанска земја, со билет во еден правец, ризикувате да бидете вратени на граничниот премин, при влез во државата, поради сомнежот кај тамошните власти дека по истекот на законски предвидениот престој, немате намера да се вратите назад, во матичнита држава. Исто така, повратен билет се бара, или е добра препорака и при аплицирањето за добивање виза во некои од амбасадите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This