РЕФОРМСКИТЕ И УСТАВНИ ИЗМЕНИ ДЕЛ ОД ТЕЛОТО ЗА ПОМИРУВАЊЕ И АМНЕСТИЈА: Три подгрупи во телото за помирување, обезбедување на двотретинска поддршка сепак приоритет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред малку заврши првата седница на собаниското Координативно тело за помирување, која започна денес во 10 часот а на која се заседаваше зад затворени врати. Нема конкретна рамка околу можната селективна амнестија за 27 април.

Според првичните информации, не е понуден се уште текст како рамка околу која би се воделе разговорите за можната амнестија, а за што се очекуваше предлог од новата независна или одметната пратеничка група, која застана зад владиниот предлог за пристапување кон уставни измени.

Според информациите, на овој прв состанок на координативоното тело е договорено да се формираат три работни групи – за интеграции, за реформи и за помирување. Преку групата за помирување, веројатно, ќе се договараат деталите околу можната амнестија со која би биле опфатени оние кои не биле организатори и директни учесници во насилствата на 27 април. Другите групи, пак, би биле ангажирани на постигнување консензус за реформските закони за кои е потребно и двоттретинско мнозинство, а кои се дел од критериумите за ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This