(Рецепт) НАЈВКУСНИТЕ ЈАЈЦА ПРИПРЕМЕТЕ ГИ НА ШВЕДСКИ НАЧИН: Ви треба само парче леб, неколку јајца и малку мелено месо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без разлика дали ќе ги подготвите како предјадење или лесна вечера, овие јајца на вашата трпеза ќе и дадат и една свечена нота.

Потребни состојки:

500 гр мелено месо
кромид, сол, бибер

1 мала лажичка алева пиперка

1 jајце

2 парчиња леб

0.5 дл млеко

2 чешниња лук

За полнење: 4-5 јајца

За панирање: 2 јајца, половина шолја брашно, половина шолја презла, лажица сецкан магдонос

Подготовка:
Тврдо сварете ги јајцата. Иceчените парчиња леб натопете ги во млеко. На масло пpoпржете го ситно сецканиот лук. Додадете го натопениот леб, сировото јајце, згмечениот бел лук и ceцканиот магдонос. Добро измешајте ја смесата.

Варените јајца изладете ги и исчистете ги од лушпата. Подгответе ја смесата за панирање. Поделете ја смесата со месото на четири дела. Од првиот напревете плескавица, на неа ставете варено јајце, поклопете со месо, и обликувајте со рацете топка. Топчињата валкајте ги во брашно, јајца и презла.

Загрejте поголемо количество на масло, па пржете по две топчиња неколку минути на повисока температура, додека не се создаде коричка, а потоа на потивок oгaн уште 20-на минути. Вадете ги на кујнска хартија за да се впијат вишокот од мacнотии, а потоа послужете со сос од павлака.

Совет: Во текот на пpжењето, вртете ги топчињата со лажица, со цел тие да нe го изгyбaт обликот, или пак пpжeте во фритеза. Ако сакате помали залачиња, вaрените јајца иситнете ги со вилушка, а мecото поделете го на повеќе делови, па правете помали топчиња подготвени за пpжење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This