РЕЦЕПТ ОД БИГОРСКИОТ МАНАСТИР: Подготовка на „чомлек“ на манастирски начин – одличен рецепт во пресрет на постите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во деновите на постови, честопати се разменуваат рецепти за посна храна. Порталот Религија.мк, започна со објавување на рецепти и идеи што вкусно да подготвите дома, а да не го нарушите постот, секако ако сте се одлучиле да постите.

Овој пат нешто многу вкусно од кујната на Бигорскиот манастир.

Потребни состојки:

40 главици ситен кромид

2 главици лук

5 суви пиперки

10 печурки

1 шолја вино црвено

½ шолја масло

1 лажичка зачин

1 лажичка црвен пипер

4 ловоров листа

1 лажичка сол

Бибер во зрна

Начин на подготовка:

Кромидот се чисти, главицата лук се дели на чешниња (не се лупи), сувите пиперки и печурките се мијат и сецкаат на парчиња. Во длабок огноотпорен сад (најдобро е грне) се става еден ред од кромидот, па неколку чешниња лук, потоа сецканите пиперки и печурките и се зачинува со ловоров лист и бибер. Постапката се повторува уште еднаш и на крај се полева со претходно приготвена течност од вино, масло, зачин, пипер и сол. Грнето се става на оган и се остава да врие на тивко околу 3 часа.

Прилог:
Ова јадење може да се сервира со пире, ориз и слично.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This