(Рецепт) Состојките сите ги имате во кујната: Еве како сами да направите средство за дезинфекција на просторот и рацете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прочитајте повеќе совети како да направите дезинфекција од состојките што ги имате во вашата кујна
Короната го тресе светот, а овие средства за дезинфекција станаа еден од најбараните антивирусни производи.
Одржувањето на хигиената и чистите простории се многу важни во спречувањето на ширење на вирусот, затоа ви донесуваме совети како да направите природно средство за дезинфекција.

Проветрувајте ги просториите во кои престојувате поради циркулација на воздухот за да ја отстраните потенцијално инфицираната прашина.
Редовно треба да ја чистите и дезинфицирате вашата работна површина и другите површини, како и предмети што ги користите секој ден, како што се биро, тастатура и глувче на вашиот компјутер,квака од врата или мобилен телефон.

Средство за дезинфекција од кујната

Овој спреј уништува вируси и бактерии, а ви треба само оцет, вода и лимон.
Познато е дека оцетот измешан со вода е универзален чистач во кујната и бањата. Сепак, на некои не им се допаѓа мирисот на оцет и тука во игра влегува лимонот.

За да го разредете силниот мирис на киселина, додадете во сооднос 50:50 неколку парчиња лимон исечени на малечки кришки. Идеално е оваа течност да се остави две недели додека не се намали мирисот на оцет.

Еколошки спреј за дезинфекција

Исто така, ако сакате да го забрзате процесот, наместо лимон, можете да користите масло од лимон.
Можете лесно сами да направите средства за дезинфекција дома:
Истурете 1/3 од алкохолен оцет во шишето со прскалка и 2/3 дестилирана вода.
Додадете 10-15 капки есенцијално масло од лимон во подготвената смеса.
Покрај дезинфекција на просторот, овој спреј можете да го користите и за дезинфекција на рацете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This