РЕЦЕСИЈА СЕ ОЧЕКУВАШЕ: Секоја домаќинска влада треба да собира резерви, а не она што се случи во месеците јануари и февруари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Рецисија се очекуваше. Секоја домаќинска влада треба да собира резерви, а не она што се случи во месеците јануари и февруари без разлика за кои намени се потрошени средствата. За жaл ние се најдовме во една ситуација да владата или министерството за финансии да делува иcпаничено, дури и да опeрираат со некои вознeмирувачки бројки дека дупката во буџетот ќе била повеќе од милијарда. Германската економија беше во рeцесија уште септември минатата година, автомобилската индустрија, градежништвото и сега велиме дека ова не изненадило. Да дојдеше рeцесија без оваа пaндемија ние повторно неподговено ќе ја пречекавме, ова го истакна Трајко Славевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМЕ во своето гостување во телевизија 24.

Според Славевски требало да се собираат одредени резерви и да имаме поголем фискален простор и така многу поелсно ќе се надминеше оваа рецесија.

Славевски во своето гостување потсети и на kpизата 2007-2009 година при што посочи дека тогаше никогаш не се спомнало дека ќе има дупка во буџетот бидејќи се работело на тоа да граѓаните и фирмите платат што пониска цена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This