РЕЧИСИ СИТЕ: Пет шестини од поранешниот кадар на УБК се пријавиле на огласот на АНБ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет шестини од поранешниот кадар на некогашната Управа за бeзбедност и контраpaзузнавање се пријавиле на огласот кој беше распишан за новоформираната Агенција за национална бeзбедност (АНБ). Сите кандидати прво минале низ ветинг процес, па уследила детална проверка на нивното минато и сегашност во сите државни институции дознава „Слободен печат“.

По завршениот конкурс, кој бил службено затворен на 30 август годинава, започнала селекцијата. Одреден број од конкурентите од УБК не ги минале проверките. За сите поримени кандидати се направила позитивна листа која едногласно е усвоена и потпишана од собраниската Комисијата која го вршеше набљудувањето и приемот на кандидатите. Се, како што дознаваме, минало без никаков проблем.

Една десетина од пријавените останале непримени и биле ставени на листата на чекање. Мал дел од таа група бил селектиран, а другите добиле црвен картон. Дел од непримените немале прво и основно за конкурс бeзбедносни сертификати, а дел не дошле на интервјуата кои им биле закажани. Кај 11 кандидати е утврдено дека имаат cyдир на интереси, а еден од кандидатите кој не е примен во АНБ имал 10 менувачници во Скопје.

Тие што не се примени имаат можност да побараат втора шанса кај друга комисија, дознава „Слободен печат“.

Над 16 отсто од примените се од малцинските заедници. Сите примени не минале полиграфски тест оти за тој процес да се изврши требало многу време, па е одлучено кога ќе се формира Агенцијата да се спроведе тестирање.

Агенцијата ќе започне и со прием во своите редови на најдобрите студенти од земјава. Како што дознава ,,Слободен Печат”, вратата на контраразузнавачите ќе им биде отворена годишно на најдобрите 50 до 60 студенти. Со одобрение на Владата за идното седиште на АНБ е одбрана поранешната зграда на „Македонија табак“. Тој објект ги задоволувал сите бeзбедносни барања. Нашите соговорници од АНБ велат дека во Агенцијата не конкурирал ниту еден екс вработен во УБК кој е на листата обвинети од некогашното СЈО, но конкурирале лица кои учествувале во крвавиот 27 април, но тие не се примени од бeзбедносни причини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This