(Видео) Речиси целосно изгope мигрантскиот камп „Липа“ кај Бихаќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска, околу 11 часот, избувна пожар во еден сместувачки објект во мигрантскиот камп „Липа“ кај Бихаќ, кој потоа продолжи верижно да се шири.

Наташа Омеровиќ, координатор на кампот, рече дека пожарот, најверојатно, бил предизвикан од човечки фактор.

„Не сме сигурни колкава е големината на штетата, знаеме дека пожарот почна од делот за сместување. Шаторите ги палат верижно и мислам дека сега станува збор за вандализам. Мигрантите се револтирани и лути, сега ја проколнуваат државата, тоа јасно се слуша“, рече Омеровиќ.

Пожарот во мигрантскиот капм Липа, во близина на Бихаќ е ставен под контрола, но целата инфраструктура е уништена или оштетена, изјави шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Босна и Херцеговина, Питер Ван дер Оверарт.

ИОМ за денеска најави затворање на тој камп за мигранти, што значи дека повеќе од 1.350 мигранти ќе останат на улица бидејќи властите на БиХ сè уште не нашле соодветно решение за нивно сместување.

„Мигрантите сега се на ливада, а ние ќе ја продолжиме нашата работа на друга локација. Не знаеме што ќе се случи со 1.350 луѓе од кампот, кои сега се оставени под отворено небо. Мигрантите нема каде да останат, сега ‘Липа’ гори. Снег се најавува и за утре“, рече Омеровиќ.

Покрај 1.350 мигранти, кои биле сместени во кампот, околу кампот има речиси двесте други мигранти.

Сите тие, најверојатно, ќе одат во шумата или во околните населени места имајќи предвид дека државата БиХ не им обезбеди соодветно сместување пред зимата, пишува порталот „Кликс“.

Иако Советот на министри на БиХ минатата недела одлучи кампот Лила да остане и да бидат поставени контејнери во кои мигрантите ќе ја поминат зимата, ИОМ денеска одлучи да се затвори кампот поради недостиг на услови за претстој.

На одлуката да кампот остане во Липа се спротивстави Партијата за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ, која побара мигрантски камппови да се постават и на територии каде не живеат само Бошњаци. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This