РЕЧИСИ 400 ИЛЈАДИ ЈА ЗАГУБИЈА БИТКАТА: Близу седум милиони заразени со коронавирус во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на заразени од Ковид – 19 е скоро седум милиони во светот.

Досега има 6.766.214 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 395.141, а оздравеле 3.297.027 луѓе.

Во светот има повеќе жаришта.

Во Африка со коронавирусот се заразени над 168.000 луѓе, што е околу 6.000 повеќе од вчера. Од Ковид-19 во Африка досега починале 4.700 луѓе.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Русија е зголемен за 8.726 на 449.834 во изминатите 24 часа, објави кризниот центар задолжен за сузбивање на вирусот.

Во Јужноафриканската Република во изминатите 24 часа пријавени се 3.276 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата во таа земја.

Во Индија во изминатите 24 часа потврдени се уште 9.851 случај на коронавирусот, што е рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број на заразени достигна 226.770, а бројот на починати 6.348.

Од коронавирусот во Перу починале вкупно 5.031луѓе. Вкупниот број на заразени со коронавирусот се зголеми на 183.198, што е за 4.284 повеќе од претходниот ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This