РЕШЕНА Е МИСТЕРИЈАТА: Се откри кој е виновен за истребувањето на диносаурусите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако се изумрени пред многу години диносаурусите се непресушна инспирација за луѓето.

Откако во раните 90-ти години од минатиот век е пронајден голем кратер на полуостровот Јукатан, научниците се уверени дека астероид паднал на Земјата пред 66 милиони години и ги убил диносаурусите, односно дека е уништен поголем дел од тогашниот живот на Земјата.

Никогаш дефинитивно не е утврдена причината, но повеќето научници ја доведуваат во прашање поставената теорија за „ненадејна смрт од астероид“. Тие веруваат дека масивните вулкански ерупции ослободиле гасови на територијата на денешна Индија, а тоа има голем удел во изумирањето на диносаурусите.

Денес, група истражувачи од Јејл вината ја враќаат на астероид. Тие тврдат дека кое било влијание на животната средина, дури и ерупцијата на вулкан и прелевање на лава во денешна Индија, се случиле многу пред да дојде до изумирање на диносаурусите. Некои истражувачи веруваат дека емисиите од вулканите, кои ослободувале гасови како сулфур диоксид и јаглерод диоксид, го ослабиле екосистемот и поради тоа диносаурусите изумреле многу побрзо откако паднал астероид на Земјата.

„Многу луѓе шпекулираат дека вулканите се важни за истребувањето на диносауруси, но ние тврдиме дека не се“, истакнува Пичели Хул, асистент од Отсекот за геологија и геофизика на Јејл.

Оваа студија е посебна по фактот дека научниците истражувале цели 40 години и додале нови истражувања на првобитното. Крајниот заклучок е дека вулканите навистина не се виновни за истребувањето. Истражувани се испарувањата така што научниците го моделирале влијанието на емисии на глобалните температури и ги споредиле со записите од времето на изумирање. Резултатите покажале дела минимално 50% од испарувањето се случило многу пред падот на астероид.

„Вулканите предизвикале глобално затоплување, но нивниот ефект исчезнал пред да се случи истребувањето“, истакнува Мајкл Хенехан, поранешен истражувач од Јејл.

Истражувачите го испитале и јадрото на камења извлечени од морско дно, а кои покажале кога удрил астероидот.

„Може да го видите влијанието на астероидот, стопените делови на каменот, јасно се гледа сè во јадрото на каменот“, истакнува Хенехан.

CNN го праша Хул дали ова откритие ја затвора дебатата за тоа која е главната причина за изумирање на диносаурусите.

„Би требало. Ако утре некој ни дојде со посилни докази би бил подготвен да признам дека сме згрешиле. Но, според сегашните докази навистина не изгледа дека вулканите се виновни за истребувањето“, смета Хул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This