РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО ВЕЌЕ ИМА: Грчките медиуми ја потврдуваат изјавата на Груби дека името веќе е решено?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средбата на министрите Никола Димитров и Никос Коѕиас на 15 и 16 февруари, комплетирање на нацрт спогодбата од грчка страна и доставување во Скопје, лично од шефот на грчката дипломатија и евентуална средба на Заев и Ципрас, според дел од грчките медиуми, би можеле да бидат следните чекори во насока за постигнување на заемно прифатливо решение за името.

„Клучна седмица за скопското прашање“; „Договорено е името, се забрзуваат преговорите“, „Средба во Брисел за Горна Македонија“, се насловите во анализите во весниците „Документо“, „Неа селида“ и „Прото тема“.

Анализите во грчкиот печат се движат во ист правец, со коментар дека предлогот „Горна Македонија“ е името што преовладува како можно решение, за кое наводно, се согласуваат и Скопје и Атина. До крајот на месецов, би требало да се знае дали целиот процес и разговорите ќе донесат договор меѓу двете земји.

Од особена важност и од клучно значење, според грчките медиуми е следната средба на шефовите на двете дипломатии. Местото засега официјално не е соопштено, но новинарите во Грција ги споменуваат Софија или Брисел како можна локација каде би се сретнале Димитров и Коѕијас.

Весникот „Неа селида“ пишува дека на средбата се очекува да се финализираат одредени важни точки за договорот и конечниот временски рок.

фактор.мк

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This