РЕШЕТЕ ЈА ПАРАДЕНТОЗАТА И ГИНГИВИТИСОТ: Пробајте ги овие испробани рецепти на руската народна медицина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кај луѓето кои страдаат од парадентоза или гингивитис во текот на зимата обично дополнително се компликува состојбата

Имунитетот во зима е послаб, се јаде помалку свежо овошје и зеленчук. Но постојат лекови и совети на народната руска медицина кои можат ефикасно да помогнат да се решат болните и потенцијално опасни проблеми.

Парадентозата и гингивитисот се воспаленија на процесите на непцата и слузокожата на устата. Преку зима поради помалку разноврсната исхрана проблемите се интензивираат кај лицата кои се склони на овие болести. Исто така, имунитетот е послаб, а организмот е изложен на прехлада и вируси. Тие болести на усната шуплина, ако на време не се лечат можат да доведат до сериозни проблеми со здравјето и до губење на забите.

Иако современата парадонтологија предлага цела низа на ефикасни мерки, предлагаме за почеток да ги испробате рецептите од ризницата на руската народна медицина.

– Еден од најевикасните методи во борбата против болеста на непцата е масажа. Наутро и навечер би требало со палецот и показалецот до центарот на вилицата и по краевите нежно да се масираат непцата. Може да се нанесе малку паста за заби или неколку капки маслиново масло. Горната вилица масирајте ја одозгора надолу, а на долната обранто. Притисокот на непцата не смее да биде преголем. Секоја вилица масирајте ја по 2-3 минути. По масажата би било добро да ја измиете устата и грлото со претходно направен и оладен чај од камилица или мајчина душица. Доколку веќе патите од доста силна воспала, тогаш би требало да исперете со чај од жалфија.

– 2 супени лажички суви цветови од невен прелијте ги со шоља вода која врие. Оставете да отстои. Кога чајот ќе се олади, исцедете и исперете го грлото и устата неколку пати во текот на денот.

– 6 грама суви листови од малина прелијте ги со шоља вода која врие и оставете на тивок оган 20 минути. Потоа оставете да се излади и процедете. Устата и грлото исперете ги на секои 2 до 3 часа.

– 25 грама полен, добро иситнете го, посипете во помало шише од темно стакло и прелијте со 150 милитри квалитетна ракија. Додајте 50 грама иситнети листови од кантарион. Сето добро измешајте и оставете да отстои две недели. Процедете и по потреба исфилтрирајте преку газа. Потоа со супена лажица добиениот тоник растворете го во чаша млака вода и испирајте по потреба.

– 1 супена лажичка исецкани листови од орев потопете во 200 милилитри вода која врие и оставете на тивок оган неколку минути, потоа изладете и процедете. Испирајте ја усната шуплина неколку пати во текот на денот.

– Масирајте со масилново масло, масло од елка или бор. Етеричните масла во комбинација со рибино масло исто така се ефикасна солуција.

– Речиси сите пчелни производи, почнувајќи од природниот мед, преку прополис и млеч, даваат добри резултати

– Генерално, чаевите од камилица, ајдучка трева, жалфија, кантарион се добри за испирање на усната шуплина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This