April 26, 2024, 11:31 pm

РЕШИ ДА ГО ПОКАЖЕ НА ЈАВНОСТА: Ирена Спировска со својот партнер го привлече вниманието на Виенски бал во Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителката и маркетинг директор на Алфа Тв, Ирена Спировска, со својот партнер дојде сношти на традиционалниот Виенски бал во Скопје.

Елегантна како и секогаш, Ирена го привлече вниманието на присутните на балот. Таа неодамна за Женски магазин изјави дека не го крие партнерот, но во јавноста никогаш до сега не зборувала за својот приватен живот.
Ирена, сношти на балот во друштво на партнерот и на пријателка

„Верувам дека секој од нас има своја идеална половина која ќе сретне порано или подоцна во животот“, рече Ирена во октомври во 2017 година.

Спировска е позната како личност која не го експонира својот приватен живот.

„ Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски магазин.

Таа е препознатливо лице од тв екраните, која зад себе има успешна 25 годишна кариера. Ирена Спировска е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена. Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This