РЕЈТИНГ НА ЃОРЃИ СПАСОВ ЛАЖЕ: Непрофесионална анкета со низа пропусти го посрамотија Богоев, кој се труди самиот себеси да се утеши пред поразот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две анкети, објавени со разлика од само неколку минути, со драстично поразлични резултати денес ги збунија граѓаните кои очекуваат објаснување за ваквата „случајност“ со која се врши намерна манипулација со грaѓаните

Порталот „Фокус“ утринава објави анкета спровдена од агенцијата „Рејтин“ на Ѓорѓи Спасов, во која како што се вели предност во Капрош има Стефан Богоев од СДС, и тоа ни помалку ни повеќе со 10%. Предноста според „Рејтинг“ се одразува и на расположението на граѓаните за советничките листи на партиите.

Од другастрана пак, Центарот за истражување и анализа објави истражување на јавното мислење, спроведено исто така во општина Капрош, во период од 24 до 27 септември годинава, во чии резултати пак води Стевчо Јакимовски во Карпош, а Коце Трајановски во Скопје.

Разликата во двете анкети е што едната е лажна, направена и објавена за потребите на СДС и Богоев, а другата е реална, или направена согласно сите професионални и научни стандарди, со што се гарантира прецизност и веродостојност на анкетата.

„Рејтин“ за разлика до Центарот за истражување и анализа, до медиумите има доставено само резултати, без притоа да ја посочи и методологијата по кое е спроведено истражувањето на јавното мислење, односно, во воведот стојат бенингно наведени параметри со кои од агенцијата се обиделе козметички да ја „професионализираат“ анкетата. Во објаснувањето за методологијата нема објаснување за репрезентативноста, истражувачкиот примерок, начинот на анкетирање на граѓаните и изборот на анкетирани. Наместо наведување на овие податоци, во анкетата објавена на порталот „Фокус“ стојат само податоците дека истата е направена на примерок од 600 испитаници со маргина на грешка од 3.9%, податок кој е неточен.

Без да навлегуваме во објаснување на методологијата, манипулативната природа на анкетата објавена на Фокус, а изработена од агенцијата „Рејтинг“ на пример граѓаните немаа можност да го видат соодносот на резултати помеѓу кандидатите за градот Скопје. Ова, за професионална агенција е недозволив пропуст, ако имаме во предвид дека граѓаните на Карпош освен тоа што гласаат за градоначалник на општината, гласаат и за градоначалник на Градот Скопје. Оттука, произлегува и обврската во анкетното ливче да стои и ова прашање.

Постојат и низа останати пропусти, кои за обичниот набљудувач се незабележителни, но за познавачите на материјата се еклатантен доказ за лоша импровизација на анкета, и додаваат дека се работи за обид да се води психилошка војна.

 

Од другастрана пак, анкетата објавена од Центарот за Истражување и анализа во својот вовед детално ја објаснува методологијата врз основа на која е спроведена анкетата, но и ги презентира сите релевантни податоци добиени од анкетирањето. На пример, во анкетата на ЦИА се забележува висока предност на Јакимовски пред Богоев од 40.9% наспроти 23.6%. За ваквата висока предност понатаму, може да се забележи и дека постојат прашања кои ја објаснуваат оваа предност.

 

Така на пример, граѓаните сметаат дека Јакимовски има подобра изборна програма (53.2%) наспроти онаа на Богоев (23.8%). На прашањето „Според Вас, кој од кандидатите мислите дека ќе победи?“, граѓаните се убедени дека Јакимовски ќе ја однесе изборната победа со (53.4%), наспроти 20.6% Богоев. Овие прашања и одговори само ја објаснуваат и големата предност на Стевчо Јакимовски пред Стефан Богоев. Нешто што е изоставено во „анкетата“ на „Рејтинг“ објавена на „Фокус“.

 

Смешни се обидите на поединци и медиуми кои се трудат да предизвикаат чувство на сигурност кај поединчни кандидати и одредена целна група на граѓани, притоа наштетувајќи и на професијата и науката.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This