April 20, 2024, 11:34 am

РИКЕР ЦЕЛА НЕДЕЛА НА БАЛКАНОТ: Ќе се сретнува со грчки и македонски политичари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот заменик-министер за европски и евроазиски прашања, Филип Т. Рикер, од синоќа ја започна посетата на Грција и C Македонија, која ќе трае до сабота, објави Стејт департментот. Дипломатот од кариера беше амбасадор во Скопје (2008-11), а од 1997 до 1999 беше советник за односи со јавност во Скопје, Македонија

“Помошник-секретарот за европски и евроазиски прашања Филип Т. Рикер ќе отпатува за Грција и C Македонија на 21 и до 27 јули ќе има средби со претставници на власта, граѓанското општество и бизнис лидери.

Во Атина, амбасадорот Рикер ќе се состане со министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, и со други функционери од владата, за да разговараат за клучните прашања за билатералните односи, како што се трговската, инвестициската, безбеднocната и одбpaнбената соработка, регионалната стабилност и енергијата. Тој, исто така, ќе учествува на тркалезна маса со претприемачи и бизнис лидери. Во Солун, амбасадорот Рикер ќе се сретне со локалните власти, верските и бизнис лидерите.

Во Скопје амбасадорот Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници на разговори околу билатералните прашања и патот на C Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Дипломатот Рикер, исто така, ќе присуствува на настанот со учениците од Американското катче во Битола, покрај состаноците со пратениците, членовите на опозициската партија и претставниците на локалната власт”, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This