РИСТАНА И ВАНЧО ОД ОХРИД НА 53 ГОДИНИ ПРВПАТ СТАНАА РОДИТЕЛИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

29 октомври е најсреќниот ден во животот на Ристана и Ванчо Ѓорѓиеви од Охрид. По долгогодишни обиди за потомство, неколку неуспешни инсеминации и ин витро циклуси, среќата им се насмевнала. Долго време биле во потрага по доктор кој ќе го реши нивниот проблем, сè дури на интернет не ги прочитале најубавите коментари за д-р Слободан Лазаревски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Пред 16 месеци првпат оствариле комуникација со докторот, за кон крајот на октомври годинава во рацете да држат две слатки и мали бебиња, Стефан и Стефанија.

„Пребарувајќи низ интернет прочитавме многу позитивни искуства што семејствата ги имале со д-р Лазаревски. Решивме да ја пробаме среќата и со овој доктор. Скромен човек, кој не зборува многу, но работи со дела, ете таков е нашиот д-р Лазаревски. Среќни сме што и ние се уверивме дека тој е најдобар. Првпат се запознавме во јуни 2018 година, а сега во рацете ги држиме Стефан и Стефанија“ – објаснува со насмевка на лицето 53-годишната Ристана.

По успешната ин витро постапка, бременоста продолжила да ја следи д-р Гордана Петровска. Среќното семејство објаснува дека нивната судбина била во рацете на најдобрите.

ако.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This