РИСТЕВСКИ: 120 милиони евра инвестиции во образовна инфраструктура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2006 кога ВМРО-ДПМНЕ го презеде формирањето на Владата на Р. Македонија се соочивме со исклучителен поразителен податок дека 50% од населението имаше едвај основно образование. Тие бројки укажаа дека треба да се направи реформи во образовниот систем и инфраструктура, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој учествуваше на панел дискусијата во органзиација на ВМРО-ДПМНЕ.

spiro

-Една од политиките кои ги воведовме беше задолжително основно и средно образование. Пред 2006 беше 2000 евра за студирање на факултетите. Ги намаливме партиципациите на 200 до 400 евра за да можат учениците да размислуваат и за високо образование. Како одминуваат години доаѓаме до европскиот стандард. 71 % од студентите кои се запишуваат на факултет го продолжуваат и завршуваат високото образование. Образованието е еден од петте приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристовски.

Тој посочи дека во 2006 година во буџетот на Р.Македонија за образованието беа одвоени 16 милијарди денари, додека сега за образованието се одделуваат 10 милијарди денари денари повеќе.

-Во изминатите десет години во образовна инфраструктура се вложени околу 120 милиони евра, а со дополнителната инвестиција од околу 32 милиони евра ќе ја достигнеме бројката од 150 милиони евра, рече Ристовски.

Ристовски потенцираше дека до 2006 не беше изградено ниту едно ново училиште во Р. Македонија , а од 2006 до сега се изградени 74 комплетно нови училишта и реконструирани се повеќе од 400 училишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This