March 28, 2024, 11:14 am

РИСТОВСКИ: Вардар ја има најдобрата публика на светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите на Вардар се блиску до пласман на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако славеа на гостувањето кај Нексе во Нашице со 30-31.

 

 

Голманот Борко Ристовски го имаше дебито во регионалната СЕХА лига и му помогна на Вардар да стигне до победата.

„Мораме да бидеме задоволни со победата, тоа што го замисливме пред мечот, го остваривме, иако мораме да поправиме некои нешта во одбраната. Нексе е проект кој расте од година во година, беше преубаво да се игра овде, но сепак Вардар ја има најдобрата публика на светот. Тоа е само ветар во грб за екипата. Треба да им се симне капа на момците, кои кога ќе излезат на теренот, даваат максимум и забораваат на проблемите“, вели Ристовски.

Реванш натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра во Скопје на 25 март со почеток во 20:15 часот, на кој шампионот ќе атакува на нова победа за место на Ф4.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This