Ристовски на средби со граѓани во Македонски Брод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-министер за образование и наука Спиро Ристовски синоќа беше на средба со граѓаните во Македонски Брод.

133397475

Крајот на политичката криза и секојдневната неизвесност наметнати од СДСМ, како што рече, ќе завршат со одржувањето на изборите на 11-ти декември, датум од кој што опозицијата неможе да побегне.

Ристовски истакна дека наспроти декларативното нудење на нереално остварливи проекти од страна на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ пристапува кон граѓаните преку континуирани дирекни средби, со отчет во кој што се наведени сите ветени, но и неветени, а реализирани проекти.

– Наспроти опозицијата која нема програма и нуди исклучиво деструкција, ВМРО-ДПМНЕ преку комуникација со граѓаните изготви сеопфатна програма во која се вклучени барањата на сите категории на граѓани, со јасно поставени рокови за реализација, рече Ристовски.

Посочи дека работниот принцип ветено-остварено е единствено прифатлив за граѓаните и ќе добие огромна поддршка освојувајќи 63 пратеници, со што би се задржал контиуитетот во реализирање на проекти од интерес на граѓаните и државата, меѓу кои се зголемувањето на платите, пензиите, стипендиите, субвенциите, изградбата на образовната, спортската, здравствената и патната инфраструктура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This