Ристовски: Heмало пekoлен плaн зa “27 aпpил”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното судење за наводните организатори на 27 април, обвинетиот Спиро Ристовски презентира видео снимки од протестите “За заедничка Македонија”.

Во судница се слушаат говорите на Андрија Јаневска, Дарко Мијалковски, Васил Зафирчев кои за време на протестите се обраќале пред присутните.

Ристовски во судницата, појаснувајќи ги говорите, рече дека на тие како што додаде, реализирани луѓе, тешко можело човек да им нареди да одат на протести.

– Ласка фактот дека Јас сум можел да ги организирам овие луѓе. Ако имало пеколен план за 27 април, тој ден ќе немало протести ширум државата, туку сите ќе се фокусирале на протестот во Скопје, објасни во судницата Спиро Ристовски.

Презентирајќи ги говорите од учесниците на протестите, потенцираше дека од изјавите на првите луѓе на движењето “За заедничка Македонија”, воочливо било дека тие не повикуваат на насилство, туку како што наведе, ги повикувале луѓето со своето присуство, на мирен начин да го изразат незадоволството од актуелните политички состојби, а барале и предвремени парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This