April 16, 2024, 11:36 pm

РИЧАРД ХОВИТ ИЗБЕГА ОД РЕПОРТЕРОТ НА iNFOMAX.mk: Европратеникот одби да одговори на прашање на репортерот на iNFOMAX.mk

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невидено е лицемерието кога оние кои немаат основна култура на однесување, ве критикуваат дека сте заостанати во времето, и дека сеуште го немате разбрано концептот на „демократија“. Таков пример во стилот на „не гледај попот што прави, слушај што збори“, ни презентираше денес и европ-пратеникот Ричард Ховит, инаку истакнат поддржувач на СДСМ, со неговото бегство од прашањата на репортерот на iNFOMAX.mk

hovit_bega

Во делот предвиден за поставување на прашања на новинарите до евро-пратеникот, без одговор остана само репотерот на iNFOMAX.mk откако претходно се преттавил на модераторите на прес конференцијата, кои на неговото барање да постави прашање, одговориле со мафтање на прстот укажувајќи му дека нема право на прашање.

Упорен во остварувањето на сопственото право, и во обврската објективно да ја информира јавноста, репортерот Борислав Стоилковиќ продолжи со поставувањето на прашањето на што наместо одговор единствено што доби е кадар на кој се гледа како Ховит се обидува да го игнорира и бега.

Инаку, прес конференцијата на европратеникот беше барање за зголемена транспарентност и објективност во известувањето, слободата на говорот и барање за Парламентарна поддршка на неуставното СЈО.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This